сабота, 26 октомври 2024

Само 15 до 30 отсто од скапите воени авиони Ф-35 се спремни за борбени дејства

Извештај на американската Агенција за одговорност (ГАО) од септември 2023 година открива шокантни податоци за тоа колку стотици милијарди долари вредните авиони Ф-35 се неспремни за борба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Додека медиумите ја форсираат приказната дека во просек 55 отсто од Ф-35 се борбено спремни, во реалноста тој процент е многу понизок – меѓу 15 и 30 отсто од Ф-35 би можеле да учествуваат во борбени дејства.

Проблемот е во терминот „способен за мисија“, објаснува Епок тајмс. Имено, се покажало дека дефиницијата на министерството за одбрана на САД „способен за мисија“ не значи борбено способен.

Леталото кое е „способно за мисија“ може да лета и да изврши некаков тест или пробен лет, но не и да учествува во борба, односно може да изврши само дел од барањата за борбените авиони кои се „целосно способни за мисија“. Дури и со бројот на авиони само „способни за мисија“, флотата на Ф-35 е значително под програмските цели од 90 отсто за Ф-35А (воздухопловство) и 85 отсто за Ф-35Б (маринци) и варијантата Ф-35Ц (морнарица).

Со други зборови, флотата на Ф-35 во целост не е ни блиску да ја исполни својата цел за способност за мисија да биде во состојба да направи што било.

Ситуацијата е уште пошокантна кога станува збор за „целосната способност“ на ловците Ф-35.

Во извештајот на ГАО се наведува дека стапката на целосната способност на Ф-35 за мисија е блиску до 30 отсто, додека стапката на целосната способност за мисија на Ф-35Б на маринците изнесувала минимални 15,5 отсто во март 2023. Поактуелни бројки не се достапни, но имајќи ги предвид тековните проблеми, вклучувајќи ги проблемите со моторите, малку е веројатно дека ситуацијата се подобрила во меѓувреме, пишува Епок тајмс.

Сета тоа, се наведува, укажува дека американската војска на која ѝ се испорачани 600 Ф-35 не знае со колку борбено способни авиони располага, особено кога во пресметката ќе се вклучи ниската стапка на генерирање целосни мисии и летови.

Имајќи ја предвид спрегата на военоиндустрискиот комплекс, на војската и Конгресот, Пентагон ќе продолжи да вложува милијарди долари во програмата Ф-35 која веќе доцни со години и е поскапа за 183 милијарди евра во однос на првичните планови, се заклучува во текстот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ