сабота, 2 ноември 2024

САД ја бранат својата одлука да ѝ испратат касетни бомби на Украина

Објавено на

часот

Сподели

САД ја бранат својата одлука да го снабдуваат Киев со касетни бомби, контроверзно оружје забрането во повеќе од 100 земји.

Белата куќа вели дека е свесна за ризикот за цивилите, но дека не може да ги остави украинските сили без одбрана.

На потегот на Вашингтон се спротивставија генералниот секретар на ОН, како и голем број организации за човекови права.

Британскиот премиер Риши Сунак рече дека Обединетото Кралство е дел од конвенцијата што забранува производство или употреба на касетна муниција, нагласувајќи дека не ја поддржува нејзината употреба.

„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина против илегалната и неиспровоцирана руска инвазија. Но тоа го правиме со обезбедување борбени тенкови и најновото оружје со долг дострел“, додаде тој.

Конвенцијата за забрана за производство, складирање, продажба и употреба на касетна муниција, поради опасноста што неексплодираните бомби ја претставуваат и по завршувањето на конфликтот, ја потпишаа 123 земји, но ниту САД ниту Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ