понеделник, 18 ноември 2024

САД го испраќаат Ескобар за да разговара со Мицкоски, Ковачевски и Пендаровски

Објавено на

часот

Сподели

Веста ја потврдија од кабинетот на шефот на македонската држава.

Доаѓањето на Ескобар на Скопје може да се протолкува како резултат на започната собраниска седница за уставни измени која е одложена на неопределеено време со оглед на тоа што без гласовите на пратениците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ не е можно да се дојде до потребното двотретинско мнозинство во парламентот неопходно за донесување на уставните измени кои станаа бугарски услов за отворање на суштинските пристапни. Односно, внесувањето на бугарска етничка заедница е услов на Софија за Македонија да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија.

Пленарната седница за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот почна на 18 август.  Дневниот ред беше усвоен со 70 гласа „за“, а по исцрпувањето на дискусијата, претседателот на Собранието Талат Џафери го одложи гласањето до обезбедување двотретинско мнозинство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ