недела, 27 октомври 2024

САД дневно произведуваат најмногу нафта во светот

Соединетите Американски Држави произведуваат во просек по 12,9 милиони барели дневно и водат на светската скала на произведувачи, шеста година по ред, објави министерството за енергетика.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во декември 2023 производството на сирова нафта во САД достигнало нов месечен рекорд, надминувајќи 13,3 милиони барели дневно, објави управата за податоци од енергетскиот сектор (ЕИА) во состав на министерството.

„САД во последните шест години константно произведуваат повеќе сирова нафта од сите други земји, според нашата меѓународна енергетска статистика“, соопшти денес ЕИА.

Мали се шансите други земји во скоро време да го соборат тој рекорд, истакнуваат во американската управа.

Владата на Саудиска Арабија му нареди во јануари на енергетскиот џин Арамко да го суспендира планот за зголемување на производството на нафта и да цели на максимален одржлив производен капацитет од 12 милиони барели дневно, за милион барели помалку од зацртаниот во 2020 година.

Саудиска Арабија е водечки произведувач во Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) која со сојузничките одлучи да го намали производството до средината на годината за 2,2 милиони барели дневно за да ги поттикне цените во период на намалена побарувачка под притисок на слабиот економски раст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ