среда, 30 октомври 2024

Сабаленка го заврши настапот на турнирот во Мајами, па го искрши рекетот (ВИДЕО)

Арина Сабаленка која реши да игра во Мајами и покрај смртта на нејзиното поранешно момче, рано го заврши настапот откако загуби од Украинката Калинина со 2-1 во сетови.

Објавено на

часот

Сподели

Кратко траеше настапот на Сабаленка во Мајми, елиминирана е од турнирот веќе во вториот меч.

Калинина го доби првиот сет со 6-4, но во вториот Сабаленка одговори фуриозно со 6-1 и изедначи на 1-1. Во тие моменти се чинеше дека белоруската тенисерка се врати и нема да има проблем да победи, но не беше така.

Калинина го доби третиот решавачки сет со 6-1 и победи со 2-1 во сетови.

Кога го загуби поенот Сабаленка го искрши рекетот со кој играше. На крајот двете тенисерки не се поздравија од политички причини, поради војната, едната е од Украина, а другата од Белорусија која ѝ дава поддршка на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ