Пратениците предводеа стотици поддржувачи на опозицијата на собирите на главниот влез во Тирана и на пет други главни крстосници низ земјата за да го блокираат сообраќајот.
„Граѓанска блокада, денес или никогаш“, беше слоганот на сајтот на главната опозициска Демократска партија.
Во Тирана опозициски пратеници паркираа автомобили за да го блокираат сообраќајот на три часа.
Конзервативните демократи на чело со поранешниот премиер Саљи Бериша долго ги обвинуваат социјалистите на премиерот Еди Рама за корупција, манипулирање на претходните избори и узурпирање на правосудството.
Полицијата предупреди дека попречувањето на сообраќајот е кривично дело за кое следува казна до три години затвор.
Илјадници полицајци беа распоредени да ги штитат владините згради.
Демократите и нивните поддржувачи во опозициската коалиција одржуваат протести поради апсењето на Бериша и поранешниот претседател Иљир Мета во одвоени случаи на корупција, тврдејќи дека обвинувањата се политички мотивирани.
Еден демократски пратеник, Еервин Салијањи, е исто така осуден за клевета.
Во Албанија следната пролет се одржуваат парламентарни избори, на кои социјалистите на Рама се „спремни да победат“, делумно поради тоа што опозицијата е поделена.
САД и ЕУ ја повикаа опозицијата да го продолжи дијалогот со владата, порачувајќи дека насилството нема да ѝ помогне на земјата да се интегрира во ЕУ.
ЕУ во 2020 година одлучи да почне преговори за полноправно членство со Албанија.
Претходно овој месец Тирана ги почна разговорите за тоа колку земјата е усогласена со ставовите на ЕУ за владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и борбата против корупцијата.