понеделник, 4 ноември 2024

Нападнати малолетници, уапсени избегани затвореници, дел од билтенот на МВР

Расчистување на случаи со нападнати и ограбени малолетници како и потрага по избегани затвореници се дел од активностите што ги презела полицијата во изминатите 24 часа, се наведува во билтенот на МВР

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 16 часот во СВР Скопје, Е.Ш. пријавил дека од 7 до 9 октомври годинава додека биле на екскурзија во Охрид, неговиот малолетен син од неколку негови малолетни соученици бил допиран по телото и вербално и физички бил малтретиран, а, според пријавеното, и претходно бил малтретиран од истите соученици.  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Педесетина минути подоцна исто така вчера, во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница ја лишиле од слобода Е.М., по претходна пријава дека околу 13:30 часот во дворот од нејзината семејна куќа, физички нападнала двајца малолетници. За настанот биле известени jавен обвинител и Центарот за социјална работа Виница. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

А денеска наутро во СВР Скопје, К.Н. пријавила дека на вчера околу 13 часот на подрачјето на Центар, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од нејзиниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Струмичката полиција вчера работела и на пронаоѓање и апсење на избегани затвореници.

Вчера во 17:30 часот во Струмица, полициски службеници го лишиле од слобода Д.Р., кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.

„Д.Р. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело тешка кражба, а имал за доиздржување 5 месеци и 17 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната“, се наведува во билтенот на МВР.

Вчера вечерт пак, во Струмица, полициски службеници го уапсиле Е.Џ. од село Лакавица, штипско, кој бил баран со потерница поради бегство од Затвор Струмица.

„Е.Џ. е осуден на затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело тешка кражба, а имал за доиздржување 10 месеци и 15 дена. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Струмица за доиздржување на казната“, информираа од СВР Струмица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ