петок, 18 октомври 2024

Руските воени бродови си заминаа од Сирија

Објавено на

часот

Сподели

Групата пристигна во сириското пристаниште во неделата, среде крвавите протести против власта на претседателот Башар Ал-Саад. Одредени медиуми објавија дека посетата на руските бродови е сигнал дека Русија го поддржува режимот на Асад, но руската армија негираше каква било поврзаност со политичката состојба во земјата.
Сириската новинска агенција Сана претходно јави дека на посетата на руските воени бродови гледа како на знак на солидарност со она што се случува во земјата и додаде дека Сирија „многу го почитува рускиот став на поддршка на сирискиот народ“.
Руското министерство за одбрана неколку пати нагласи дека целта на посетата на сириското пристаниште била да се обноват залихите вода и храна за време на долготрајната тренинг-мисија во Атлантикот и во Средоземно Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ