недела, 27 октомври 2024

Руските истражители пристигнаа во Таџикистан, ги испрашуваат семејствата на терористите

Руски истражители денеска се во Таџикистан и ги испрашуваат семејствата на четворицата мажи обвинети за смртоносниот напад во концертна сала во близина на Москва, рекле три таџикистански безбедносни извори за Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Изворите, кои не биле овластени јавно да коментираат, рекле дека таџикистанските безбедносни службеници ги донеле семејствата во главниот град Душанбе од градовите Вахдат и Гисар и областа Рудаки.

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон лично ја надгледува истрагата од таџикистанска страна, рекле изворите.

Рахмон вчера за прв пат јавно го коментираше нападот и го нарече „срамен и страшен настан“. Рахмон апелираше до Таџикистанците да ги заштитат своите деца од штетни влијанија. Четворица мажи од таџикистанско потекло се приведени под обвинение за тероризам под сомнение дека го извршиле нападот.

Уште тројца, исто така Таџикистанци, беа приведени под сомнение дека учествувале во нападот. Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот и објави видео за кое вели дека го покажува масакрот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ