четврток, 31 октомври 2024
„Кому му треба свет без Русија?“

Руски водител: Ако загубиме во Украина, ќе го повлечеме целиот свет со себе

Објавено на

часот

Сподели

Во емисијата во која гостуваше филмскиот режисер и сценарист Карен Шахназаров се дискутираше за последиците од евентуалниот пораз на Русија во Украина.

Шахназаров се прашуваше дали руските граѓани целосно ја разбираат „тежината на заканата“ што ја носи исходот на војната и дека конфликтот е „многу покомплексен и поопасен“ од Втората светска војна.

Тој нагласи дека современото руско општество воопшто не е слично на она што постоело во 1941 година кога нацистичка Германија го нападна Советскиот Сојуз бидејќи немало обединувачка идеологија.

Според него, денешните Руси пораснале консумирајќи ја американската култура. Тој смета дека во земјата има внатрешни поделби и недостиг од помлади луѓе, што значи дека на првите борбени линии во Украина служат постари граѓани.

„Војната е судбоносна за нас“, рече Шахназаров. „Нашите политички елити мора да го разберат тоа. Треба да почнеме да признаваме дека ова не е само специјална воена операција, туку војна. Ако ја изгубиме оваа војна, ќе исчезнеме“ како некои индијански племиња, кои „едноставно ги снема“.

Тој посочи дека поразот на московските сили во Украина би довел до пишување книги во иднина за тоа „како Русија се загубила себеси и Евроазија“.

Соловјов се вклучи и рече дека се надева дека Украина сфаќа дека „ако загубиме, ќе го земеме целиот свет со себе“.

„Дозволете ми да ве потсетам што рече врховниот командант – ‘кому му е потребен светот ако Русија не е во него?’“, продолжи тој, цитирајќи го претседателот Владимир Путин.

Водителот потоа рече дека Русија треба да го употреби своето нуклеарно оружје, да ги укине ограничувањата за тестирањето и „убедливо да покаже што имаме“.

Од почетокот на Путиновата инвазија, вели Њузвик, Соловјов постојано повторува дека Русија треба да го употреби своето нуклеарно оружје за да ги нападне западните земји што ја поддржуваат Украина. Минатата недела во неговата радиоемисија „Целосен контакт“ тој рече дека „нуклеарната војна е неизбежна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ