вторник, 26 ноември 2024

Руски танкер нападнат од украински поморски дронови (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е цистерна за транспорт на хемикалии СИГ, кој беше под санкции бидејќи ги снабдуваше со гориво руските сили кои му помогнаа на режимот на Башар ал Асад за време на војната во Сирија.

На социјалните мрежи се појави снимка од нападот на рускиот танкер за хемикалии СИГ во Керченскиот теснец.

Сообраќајот на мостот што го поврзува полуостровот Крим со Русија беше во прекин три часа поради нападот пред да биде обновен рано утринава. На објавената снимка се гледа како поморски дрон се приближува до танкерот, пред да се прекине снимката во моментот на ударот.

Слично видео беше објавено и по вчерашниот напад на големиот руски десантен брод Оленегорски Горнијак на базата на Црното Море во Новоросијск. Иако Русите тврдеа дека го одбиле нападот, се појавија снимки и фотографии на кои се гледа како шлеперите го влечат оштетениот брод.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ