Наришкин рече дека извештајот што рускиот претседател Владимир Путин го претстави на меѓународниот економски форум СПИЕФ на оваа тема е веродостоен.
„Веќе година и пол или две години СВР објавува дел од разузнавачките информации што ги добиваме, а кои се поврзани со соништата на некои полски елити за таканаречените источни граници. Всушност, можам да потврдам дека овие соништа живеат во главите на одредени претставници на полското општество, особено на полската елита“, рече Наришкин, пренесува ТАСС.
Тој посочи дека има „многубројни факти“ што потврдуваат дека се преземаат голем број активни мерки за остварување на овој сон.