петок, 6 декември 2024

Кривична пријава за убиство за инцидентот во скопски Чаир, на 5 октомври

Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека случајот во кој беше повреден 19-годишник на улицата „Цветан Димов“ од Скопје е расчитен.

Објавено на

часот

Сподели

Поднесена е кривична пријава против 24-годишниот Б.Б. за сторено кривично дело „убиство“.

„Денеска (01.11.2024) од страна на ЕНК до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против Б.Б. (24) за сторено кривично дело „убиство” по член 123 во врска со член 19 од КЗ и Б.З.(25) за сторено кривично дело „убиство” казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ“, информираа од МВР.

Инцидентот се случи на 5 октомври вечерва на улицата „Цветан Димов“, а случајот беше потврден и од полицијата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ