Рускиот весник Комерсант објави дека случајот против Пригожин останува отворен и дека Федералната служба за безбедност (ФСБ) ја продолжува истрагата за случајот. Тој цитираше неидентификуван извор, кој рекол дека нема доволно време да се затвори случајот, пренесува Ројтерс.
Трите главни руски новински агенции – ТАСС, РИА и Интерфакс – исто така објавија дека случајот против Пригожин останува отворен и дека истрагата продолжува.
„Кривичната постапка против Пригожин не е прекината“, јави ТАСС, повикувајќи се на извор близок до обвинителството. „Истрагата е во тек.“
Затворската казна според руските закони за вакво кривично дело е од 12 до 20 години.