Интерфакс се повикува на прелиминарните податоци на Федералната управа за воздухопловство, пишува Ројтерс.
Хеликоптерот Ми-8Т полетал од базата во близина на вулканот Вачкажец и екипажот не се пријавил во предвиденото време за слетување, изјави гувернерот на Камчатската област Владимир Солодов во видео изјава.
Слаба видливост, дожд и магла се забележани во регионот на Камчатка каде што летал хеликоптерот, јави рускиот државен медиум ТАСС. Екипажот не пријавил никакви дефекти на леталото, соопштија оперативните служби.
A Russian MI-8 helicopter with 22 people on board has gone missing (presumably crashed) in the area of the Vachkazhets volcano in Kamchatka, Russia. pic.twitter.com/Z3J3lhlfXm
— raging545 (@raging545) August 31, 2024
Откако хеликоптерот исчезна, друг хеликоптер за пребарување ја прелета областа каде последен пат беше виден, рече Солодов. Беше распоредена и копнена спасувачка екипа за потрага по леталото, по долината на реката Бистраја, над која хеликоптерот требало да прелета.
Солодов изјави дека потрагата по хеликоптерот и неговите патници продолжува и покрај лошите временски услови.