сабота, 26 октомври 2024

Руската централна банка ја крена клучната камата на рекордни 21 отсто

Руската централна банка ја крена денес клучната каматна стапка за два отсто на 21 во обид да ја сопре растечката инфлација, јавува Асошиејтед прес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Централната банка соопшти дека „растот на домашната побарувачка секогаш значително ги надминува можностите за проширување на понудата на добра и услуги“. Инфлацијата, се наведува во соопштението, „е значително над јулската прогноза на Банката на Русија, а инфлациските очекувања продолжуваат да растат“. Се очекува нов раст на каматите во декември.

Руската економија продолжува да расте, и покрај западните санкции, што поттикнува инфлација, со која централната се обидува да се справи со повисоки каматни стапки.

Гувернерката на централната банка Елвира Набиулина кажа дека се очекува годишната инфлација да биде двојно поголема од посакуваните 4 отсто.

Таа наведе дека инфлацијата ги надминала целите поради зголемената државна потрошувачка и благите банкарски прописи кои ги поттикнаа комерцијалните банки да понудат повеќе кредити.

Ова е највисоката клучна каматна стапка во Русија откако е воведена во 2013 година. Претходниот максимум беше во февруари 2022, кога централната банка ја крена клучната каматна стапка на до тогаш невидени 20 отсто во обид да ја спаси домашната валута од западните санкции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ