петок, 1 ноември 2024

Руска ТВ: Шојгу во инспекција на руските сили во Украина

Објавено на

часот

Сподели

Ова е прво појавување на Шојгу во јавноста по бунтот на платеничката група Вагнер.

Според извештајот, Шојгу на командното место на руските сили во Украина „одржал состанок со старешините“ на една од единиците.

На состанокот министерот ја подвлече важноста од „ефикасно откривање и уништување“ на непријателските вооружени системи и војници, се вели во соопштението на Министерството за одбрана.

Од петокот вечер до саботата вечер, водачот на групата Вагнер, Јевгениј Пригожин, водеше оружен бунт со цел да ја собори командата на армијата, со која беше во конфликт неколку месеци.

Пригожин вети дека ќе го „ослободи рускиот народ“, а ги обвинува Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов дека жртвувале илјадници луѓе во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ