понеделник, 18 ноември 2024

Руска пратеничка: Бајден ризикува трета светска војна со одлуката за ракетите

Руската пратеничка Марија Бутина рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ризикува избувнување на трета светска војна доколку ѝ дозволи на Украина да го користи американското оружје за напади длабоко во Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Овие момци, администрацијата на Бајден, се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата до максимум додека сè уште имаат власт и сѐ уште се на функција“, рече Бутина, која помина 18 месеци во американски затвор во 2019 година, откако се обиде да се инфилтрира во американските конзервативни групи и Националната асоцијација за оружје за да ги промовира руските политички интереси за време на изборите во 2016 година. Таа сега е членка на владејачката партија Единствена Русија.

„Имам голема надеж дека Трамп ќе ја поништи оваа одлука, доколку биде донесена, бидејќи тие сериозно ризикуваат почеток на трета светска војна, што не е во ничиј интерес“, изјави Бутина за Ројтерс.

Во неделата, Бајден ја укина забраната за истрелување американски ракети со долг дострел на руска територија, дозволувајќи им да се користат против руските и севернокорејските сили во регионот Курск. Американскиот претседател ќе ѝ дозволи на Украина да ги користи американските ракети АТАКМС, кои имаат дострел од 300 километри.

Претседателот Владимир Путин на 12 септември рече дека западното одобрување на таквиот чекор ќе значи „директно вклучување на земјите од НАТО, Соединетите Американски Држави и европските земји во војната во Украина“, бидејќи воената инфраструктура и персоналот на НАТО ќе мора да бидат вклучени во таргетирањето и истрелувањето на проектилите.

Кон крајот на октомври, Путин рече дека руското Министерство за одбрана работи на различни начини на одговор доколку Соединетите Држави и нивните сојузници во НАТО ѝ помогнат на Украина да изврши напади длабоко во Русија користејќи западни ракети со долг дострел.

„Претпоставувам дека во САД има луѓе што немаат што да загубат, од која било причина, или толку ‘откачиле’ што едноставно не им е гајле“, рече Бутина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ