вторник, 26 ноември 2024
Затворен аеродромот во Москва

Русите: Уништивме дрон што се приближуваше кон Москва

Објавено на

часот

Сподели

Руското Министерство за одбрана, исто така, извести дека руските вооружени сили спречиле обид на Киев со дрон да нападне објекти во регионот на Подмосковље. Тие навеле дека дронот бил уништен од противвоздушната одбрана во областа Подолск.

Аеродромот е затворен

„Денеска во 11:27 часот беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со дрон врз објекти во Московската област. Нема жртви или уништување како резултат на спречениот терористички напад“, се вели во нивното соопштение. Воведени се привремени ограничувања за полетување и пристигнување на авиони на московскиот аеродром Внуково, информираше за ТАСС прес-службата на аеродромот.

„Од причини кои се надвор од контрола на аеродромот, во Внуково се воведени привремени ограничувања за пристигнување и полетување“, соопшти прес-службата. Од безбедносни причини, од 10:26 часот по московско време, некои летови беа пренасочени кон другите аеродроми во Москва. Не е познато дали оваа одлука има некаква врска со дронот што наводно се приближувал кон Москва пред да биде уништен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ