сабота, 26 октомври 2024

Русите случајно потопија сопствен брод (ВИДЕО)

Русија случајно со проектил потопи свој сопствен брод за време на поморски вежби во близина на брегот на регионот Калининград. Тројца членови на екипажот загинаа, а четворица се ранети, јавија локалните медиуми.

Објавено на

часот

Сподели

За време на вежба на Балтичката флота на 19 март, проектил случајно го потопи бродот Капетан Лобанов, објави независниот телевизиски канал ТВ Дожд, повикувајќи се на роднина на еден од членовите на екипажот. Изворот додал дека претставници на руската Федерална служба за безбедност им рекле на преживеаните членови на екипажот да молчат за инцидентот.

Властите тогаш известија дека на бродот „избувнал пожар“ и дека само едно лице загинало. Преживеаните членови на екипажот се префрлени во болница во градот Пионерск, а едно лице е во тешка состојба.

Неодамна компанијата „Рочан консалтинг“, специјализирана за разузнавачки податоци од отворени извори, процени дека руската Балтичка флота повеќе нема можност да покренува големи амфибиски операции, бидејќи нејзините капацитети се „деградирани“ за време на војната во Украина.

Руската Црноморска флота претрпе особено значителни загуби, почнувајќи со загубата на командниот брод „Москва“ и завршувајќи со голем број помали бродови.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ