петок, 18 октомври 2024

Русија усвои закон со кој се забранува промена на полот

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е всушност нов член кој е додаден во Законот за основна здравствена заштита на граѓаните на Руската Федерација, пренесува ТАСС.

Законот предлага и поништување на бракот доколку еден од брачните другари во меѓувреме го променил полот, а притоа на брачниот другар кој го променил полот ќе му биде забрането да посвојува деца.

Иницијативата беше поднесена до руската Дума во мај од пратениците од сите пет фракции на Думата на чело со претседателот на Думата, Вјачеслав Володин. Како што беше најавено, на иницијативата работеле речиси 400 парламентарци.

„Оваа одлука ги штити нашите граѓани, децата. Размислете: бројот на операции за промена на полот во Соединетите Држави се зголеми за 50 пати во последните десет години. Според податоците од 2022 година, таму има 1,6 милиони трансродови лица, вклучувајќи 1,3 милиони возрасни лица (0,5 отсто од возрасната популација) и 340.000 тинејџери (1,4 отсто од сите деца во САД на возраст од 13 до 17 години). Морничав тренд!“, напиша Володин на Телеграм.

Тој посочи дека тоа е пат кој води кон дегенерација на нацијата.

„За нас тоа е неприфатливо“, рече Володин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ