сабота, 26 октомври 2024

Русија: Украина со беспилотни летала погоди избирачки места, ја гаѓаше и Москва (ВИДЕО)

„Денеска, на последниот ден од руските избори, Украина испука десетици беспилотни летала врз окупираните територии и во Русија, вклучително и на избирачко место во регионот Запорожје и во Москва, каде што летовите од три аеродроми се ограничени“, соопштија руските власти.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

По нападот се запали општинскиот културен центар во градот Камјанка-Дњепровска, напиша на каналот Телеграм рускиот политичар Владимир Рогов, претседател на движењето „Ние сме со Русија“, а пренесува германската агенција Дпа.

Цивилната заштита не можеше да започне со гаснење на пожарот поради продолжените напади со беспилотни летала. Немаше жртви.

Русија одби вкупно 34 напади со украински беспилотни летала во текот на ноќта, соопшти руското Министерство за одбрана, вклучително и 16 само во областа Краснодар на југот на земјата.

Таму била нападната нафтена рафинерија. Еден пожар бил брзо изгаснат, а работниците биле евакуирани, но едно лице починало од срцев удар. Војската соопшти дека ги соборила беспилотните летала во Белгород, руски град што граничи со Украина на југ, кој е гаѓан трет ден по ред.

Други локации каде што беа соборени беспилотните летала се Калуга и Курск, соопшти војската.

Во Белгород десет станбени кварта останале без струја поради нападот, изјави регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков. Оштетени се згради и гасовод.

Балистичка ракета била истрелана во областа Брјанск, а сообраќајот преку мостот кон Крим беше во прекин.

Во Москва, два дрона го гаѓаа квартот Домодедово, каде што се наоѓа аеродромот, напиша градоначалникот Сергеј Собјанин на каналот Телеграм. Едниот дрон е соборен во областа Раменское, а другиот во областа Ступино. Нема извештаи за повредени или материјална штета.

Ројтерс објави дека московските аеродроми Домодедово, Внуково и Жуковски во неделата наутро вовеле ограничувања на летовите од безбедносни причини, повикувајќи се на руската државна авијација. Агенцијата јавува дека во неделата во близина на Москва биле соборени вкупно пет украински беспилотни летала.

Во последните неколку недели, Украина сè повеќе ги гаѓаше руските фабрики и објекти со беспилотни летала за да го наруши снабдувањето на напаѓачите.

Руските воздушни напади во текот на ноќта оштетија земјоделски постројки и уништија неколку индустриски објекти во црноморското пристаниште Одеса, денеска во неделата украинските сили.

Русија лансираше 16 беспилотни летала и седум ракети, објавија украинските воздухопловни сили на апликацијата за пораки Телеграм. Над регионот на Одеса се уништени 14 дронови.

Противвоздушните сили соопштија дека цел на проектилите биле украинските региони Харков, Доњецк и Чернихив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ