Комисијата како причина за одбивањето ги наведе „грешките во документите“ поднесени од Дунцова, поранешна новинарка и градска советничка која се бори „за мир и демократски процеси“, објави руската телевизија.
Шефот на комисијата Ела Памфилова изјави дека членовите едногласно ја отфрлиле кандидатурата на Дунцова за изборите на кои се очекува лесна победа на претседателот Владимир Путин.
Комисијата соопшти дека Дунцова не може да продолжи во следната фаза на собирање потписи од поддржувачите.
Памфилова ѝ рекла: „Ти си млада жена, имаш сè пред себе“.
Четириесет годишната Екатерина Дунцова поднела документи за учество на изборите во март како независен кандидат.
Памфилова во саботата изјави дека за претседателските избори се пријавиле 29 лица.
Руските власти со години ги спречуваат опозициските политичари да учествуваат на изборите и во политичкиот живот, што се интензивираше откако Кремљ започна инвазија на Украина во 2022 година.