„Оружјето ќе биде преместено на западната граница на нашата сојузна држава и ќе ги зголеми можностите за осигурување безбедност“, изјави рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов за белоруската државна телевизија, пренесува Ројтерс.
„Тоа ќе биде направено и покрај вревата од Европа и Соединетите Американски Држави“, додаде тој.
Гризлов не прецизираше каде ќе биде стационирано оружјето, но потврди дека складиштето ќе биде завршено, според наредбата на Путин, до 1 јули, а потоа ќе биде преместено во западна Белорусија.
Владимир Путин на 26 март објави дека Москва планира да распореди и складира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.