сабота, 26 октомври 2024

Русија повторно нападната со дронови, погодени две рафинерии (ВИДЕО)

Две лица загинаа во украински ракетен напад во западна Русија, а во одделен напад со беспилотно летало беше запалена нафтена рафинерија во саботата, на вториот ден од претседателските избори, кои претседателот Владимир Путин ја обвинува Украина дека се обидува да ги наруши.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгородската област, каде што прекуграничните напади од Украина станаа дел од секојдневниот живот, објави дека загинале маж и жена.

Дмитриј Азаров, гувернерот на Самарската област, 850 километри југоисточно од Москва и во близина на границата со Украина, изјави дека е запалена рафинерија во градот Сизрањ, но дека е спречен напад на друг објект.

Украина оваа недела постојано ги напаѓаше руските рафинерии. Русија во петокот го почна најсмртоносниот напад во последните неколку недели, при што проектили погодија станбена зона на украинскиот пристаништен град Одеса на Црно Море. Загинаа најмалку 20, а беа ранети повеќе од 70 луѓе.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ