недела, 14 јули 2024

Русија ја губи битката со инфлацијата

Борбата против инфлацијата во Русија сè уште не донела поголеми резултати. Руската централна банка во октомври ја крена клучната каматна стапка за два процентни бода на 15 отсто, што е четврто зголемување во последните неколку месеци.

Објавено на

часот

Сподели

Според предвидувањата на централната банка, инфлацијата ќе изнесува 7,5 отсто, а не е исклучено банката до крајот на годината повторно да ја крене клучната каматна стапка.

Во руската централна банка признаваат дека сè уште не успеале да ја скротат инфлацијата, цените на храната се значително повисоки од минатата година, што го истакнуваат и потрошувачите.

Ако претходно за илјада рубли можевте да купите доволно храна за три или четири дена, сега илјада рубли, што е околу 11 евра, не значат ништо. Со овие пари можете да купите млеко, јогурт, леб и ништо друго, вели мајката на две деца Дарја.

Пред две недели Думата го одобри буџетот за следната година кој изнесува 375 милијарди евра. Речиси третина од буџетот е издвоен за војската, во споредба со оваа година, а руските воени трошоци следната година ќе пораснат за 68 отсто.

„Проблемот со инфлацијата не може да се реши во воени услови, кога за воено-индустрискиот комплекс се издвојуваат неограничени количини пари“, вели економистот Максим Блант.

Според предвидувањата на централната банка, инфлацијата на крајот на годината ќе изнесува 7,5 отсто, а следната година би требало да се намали на 4 отсто. Некои аналитичари го истакнуваат и проблемот со недостигот од работна сила. Според пресметките на консултантската компанија Јаков и партнери, на Русија до 2030 година, ако ништо не се преземе, ќе ѝ недостигаат меѓу два и четири милиони работници, пренесува Сибиз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ