сабота, 26 октомври 2024

Русија и Кина ја блокираа нацрт-резолуцијата на САД за прекин на огнот во Газа и ослободување на заложниците

Ова беше прв пат САД да ги поддржат повиците за итен прекин на огнот во регионот, откако претходно ги блокираа таквите барања во ОН, вели Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија и Кина ставија вето на нацрт-резолуцијата на САД со која итниот прекин на огнот во Газа се поврзува со ослободување на заложниците што ги држи Хамас.

Имаше 11 гласа „за“, три против и еден воздржан.

Линда Томас-Гринфилд, претставник на САД во Советот за безбедност на ОН, претходно ги повика сите членки да гласаат за нацрт-резолуцијата на САД.

„Сакаме да видиме итен и одржлив прекин на огнот како дел од договорот што води до ослободување на сите заложници што ги држат Хамас и други групи и што ќе овозможи во Газа да влезе многу повеќе хуманитарна помош.“

„САД, Египет и Катар работат деноноќно во регионот за да обезбедат итен и одржлив прекин на огнот како дел од договорот што води до ослободување на сите заложници што ги држат Хамас и други групи, кои ќе ни помогнат да се справиме со страшната хуманитарна криза во Газа. Веруваме дека сме блиску. За жал, сè уште не сме таму“, рече таа.

Таа рече дека Советот за безбедност има клучна улога и дека усвојувањето на резолуцијата ќе изврши притисок врз Хамас да го прифати договорот на маса.

Откако нацрт-резолуцијата не беше изгласана Томас-Гринфилд рече дека Русија и Кина не сакале да гласаат за резолуцијата предложена од Соединетите Држави затоа што поважно им е САД да не успеат.

„Русија уште еднаш ја става политиката над напредокот“, рече таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ