На дводневниот состанок учествуваат високи претставници од 40 земји. Нема руско претставништво, но Кина испрати свој претставник.
Државната новинска агенција ТАСС го цитираше рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков, кој го нарече состанокот „Одраз на обидот на Западот да ги продолжи залудните, осудени напори да ја мобилизира меѓународната заедница, поточно глобалниот југ за поддршка на таканаречената формула Зеленски, која е осудена на пропаст и неодржлива од самиот почеток“.
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, коментирајќи ја споменатата средба, на Телеграм напиша дека „тешко е да се осуди желбата да се стави крај на војната“, но дека „невозможно е да се разговара за точките од Повелбата на ОН, со оглед на тоа дека покрај суверенитетот постои и правото на нациите на самоопределување“.
Претседателот Володимир Зеленски во средата рече дека се надева оти иницијативата ќе доведе до мировен самит на светските лидери оваа есен, за да се потврдат принципите за решение врз основа на неговата формула од 10 точки.