недела, 27 октомври 2024

Русија директно ја обвини Украина дека стои зад терористичкиот напад во Москва

Секретарот на Советот за безбедност Николај Патрушев порача дека Украина стои зад терористичкиот напад на концертната сала Крокус сити хол во предградие на Москва, пренесува државната новинска агенција РИА Новости.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Новинари го прашаа Патрушев дали зад терористичкиот напад стои Украина или џихадистичката група Исламска држава, која е забранета во Руската Федерација. „Нормално, Украина“, одговори Патрушев.

Патрушев, кој со рускиот претседател Владимир Путин работел во КГБ во Санкт Петербург, е познат по заговарање тврдокорни политики на Кремљ. Тој во неколку наврати во интервјуа ја правдаше одлуката Русија да тргне во инвазија на Украина.

Евгениј Аношин, портпаролот на рускиот Совет за безбедност, го опиша Патрушев како „патриот“ и „државен играч кој долга низа години им е лојален на Русија и Путин“. Кога се зборува за потенцијални наследници на Путин, Патрушев секогаш многу високо котира.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ