сабота, 26 октомври 2024

Русија бара од Германија опсадата на Ленинград во Втората светска војна да ја прогласи за геноцид

Русија од Германија бара опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна да ја признае како геноцид, а не само како воено злосторство, јавуваат германските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Руското министерство за надворешни работи му испрати на германското министерство соодветна дипломатска нота“, го пренесуваат германските медиуми извештајот на руската државна новинска агенција ТАСС.

Како што се наведува, во нотата се укажува на „контрадикторниот однос“ кон историските настани: Германија злосторствата извршени за време на колонијалното владеење во Африка го нарекува геноцид, додека злосторствата на нацистите извршени над народите на Советскиот Сојуз не.

„Русија инсистира ваквите злосторства на Третиот Рајх официјално да се признаат како геноцид“, се наведува во руската нота.

За време на опсадата на опсадата на Ленинград, денешен Санкт Петербург, кој се нашол во обрач на Вермахтот и неговите сојузници од 1941 до 1944 година, која траела 900 дена, животот го загубиле, според некои проценки, над 1,1 милион жители. Безброј цивили умреле од глад или смрзнале.

„Опсадата на Ленинград била ужасно воено злосторство кое германскиот Вермахт му го нанел на Ленинград и неговото население“, наведува германското министерство за надворешни работи.

Наведено е дека германската влада тоа го истакнала во неколку наврати и дека останува на тоа правно мислење. Русија на Германија ѝ префрла и за исплатата на отштета само на еврејските жртви на опсадата. „Русија во оваа пракса гледа чин на дискриминација по етнички принцип“, се наведува во дипломатската нота.

Германија оваа пракса ја објаснува со фактот што Евреите за време на Втората светска војна особено биле прогонувани од нацистичка Германија.

Отштетата на останатите граѓани, според Германија, е покриена со воените репарации кои ги платила по 1945 година. Како хуман гест, германската влада од 2019 финансира социјална и медицинска помош за преживеаните во опсадата на Ленинград.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ