недела, 27 октомври 2024

Русија ѝ врачи демарш на Америка

Русија денеска им врачи демарш на Соединетите Американски Држави поради „незаконските обиди на Вашингтон за еднострано менување на надворешните граници на континенталниот гребен во седум области на Светскиот океан“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„За време на состанокот на Меѓународната управа за морското дно, руската делегација изјави дека не ги признава надворешните граници на континенталниот гребен што Соединетите Американски Држави еднострано ги прогласија во декември 2023 година на растојание од 200 наутички милји од почетните линии, од кои се мери ширината на територијалното море во седум региони на Светскиот океан“, се вели во соопштението на министерството.

По билатерални канали е испратен соодветен демарш до американската страна, се додава во соопштението. Како што се наведува, САД со своето делување „се обидуваат да ја намалат површината на морското дно под надлежност на управата, односно на целата светска заедница и да добијат дополнителни области за сопствена употреба“.

„Едностраните чекори на САД не се во согласност со правилата и процедурите утврдени со меѓународното право“, се предупредува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Руската делегација го критикуваше селективниот пристап на Соединетите Американски Држави кон меѓународното право и целосното непочитување на обврските и ги отфрли најновите обиди на Вашингтон да ги користи нормите од Конвенцијата од 1982 година исклучиво во свои интереси, истакна руското Министерство за надворешни работи.

Руското министерство соопшти дека во периодот од 18 до 29 март Кингстон (Јамајка) ќе одржи седница на Советот на меѓународната управа за морското дно, свикана во согласност со Конвенцијата на ОН за поморско право.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ