петок, 18 октомври 2024

Роби Вилијамс ќе стане сликар

Објавено на

часот

Сподели

Роби Вилијамс сака да организира изложба на своите најубави слики, а гаражата на својата куќа во ЛА веќе ја пренаменил во студио.
Еден негов пријател изјави за весникот Дејли мирор: „Неговите слики стануваат сѐ подобри. Не знам дали планира да ги продава, но сигурен сум дека може да добие добри цени за нив. Тоа би било добра тема за разговор ако некој ве праша кој е авторот на сликата во вашата дневна соба“.
Роби, кој е венчан со глумицата Ајда Филд, претходно објави дека почнал да слика додека се подготвувал за турнејата „Прогрес во живо“ на Тејк Дет.
Тој на својот блог напиша: „Додека летав по целиот свет со момците од групата, сфатив дека многу сакам да сликам. Нормално, морав да ја променам целата гаража во уметничко студио, а заразив и неколку пријатели од Лос Анџелес“.

Една од авторските слики на поп-уметникот

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ