петок, 18 октомври 2024

Рики Џервејс повторно на Златни глобуси

Објавено на

часот

Сподели

Британскиот комичар Рики Џервејс доби лавина од критики за водењето на минатогодишната церемонија откако испонавреди еден куп ѕвезди во публиката и сите мислеа дека нема шанси да биде викнат третпат.Затоа, кога продуцентите пак му ја понудиле тезгата, тој рекол да затоа што знаел дека Холивуд ќе се шокира и дека многу луѓе ќе бидат изнервирани.
„Причината зошто кажав ‘да’ првиот пат беше поради тоа што бев поласкан. Тоа беше огромна светска публика за еден комичар. Јас сакам да пишувам шеги. Тоа е тоа што го правам. Причината зошто прифатив и вторпат беше затоа што мислев дека можам подобро од првиот пат. Што мислам дека и го направив. Не мислев третпат да прифаќам, но еден куп луѓе во печатот кажуваа дека нема шанси пак да ме поканат, и затоа кажав да“, изјави Џервејз за БЕНГшоубиз.
Рики тврди дека лани немал намера некого да навреди со своите шеги и смета дека неколкумина едноставно не можеле да се справат со неговиот саркастичен и зајадлив хумор.
Зборувајќи во шоуто на Елен Деџенерис, тој кажа: „Знаев што правам. Исто е како стендап-комедија. Мислам, обично треба да убиеш некого за да добиеш толкава реакција од колумнистите. Не мислам дека бев вулгарен. Што ќе се случи ако ги видат моите вистински стендап-комедии? Главите ќе им експлодираат. Луѓето ме прашуваат дали има нешто за што не треба да се шегувам? Јас мислам дека нема. Зависи од шегата. Комедијата доаѓа или од добро или од лошо место, а јас нив само ги задевав. Тоа не беше просторија со ранети војници. Тоа се најбогатите, најпривилегирани луѓе на светот“.
Церемонијата на доделување на златните глобуси ќе се одржи в недела (15.1.12).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ