недела, 27 октомври 2024

Рекордни поскапувања во Британија, луѓето се присилени на штедење

Рекордниот пораст на трошоците за живот го претворил Обединетото Кралство од нација на потрошувачи во нација на штедачи, покажува ново истражување. „Бурниот период на промени на цените“ го променил односот на домаќинствата кон своите пари. Па потрошувачката е намалена повеќе од падот на приходите, објави фондацијата Ројтерс.

Објавено на

часот

Сподели

Податоците кои ќе бидат објавени следната недела ќе покажат дека инфлацијата се враќа на целеното ниво од два отсто, по тригодишниот висок раст поради кој домаќинствата помалку трошеле, објави Ројтерс.

Обединетото Кралство „нормалната“ инфлација која би траела подолго од деценија ја „истрчало“ за само три години.

Трошоците на основните намирници пораснале особено брзо па посиромашните домаќинства се нашле во центарот на кризата бидејќи поголемиот дел од заработката го трошат токму на тие трошоци, тврдат авторите на истражувањето. Домаќинствата генерално нагло го намалиле трошењето за време на кризата на трошоците за живот.

Наглиот пораст на инфлацијата ја намалил вредноста на заработката. Уште пред пандемијата на коронавирусот во четвртото тримесечје на 2019 реалниот расположлив доход на домаќинство по лице паднал за 1,1 отсто (или 280 фунти годишно), но реалната потрошувачка по лице паднала многу повеќе, за 4,7 отсто или 1.200 фунти годишно.

Во последните три месеци од 2023 семејствата штеделе шест отсто од своите расположливи приходи, што е најголемата стапка надвор од пандемијата во период подолг од 30 години, според истражувањето.

„Иако е сигурно добра вест дека вкупната стапка на инфлацијата се нормализира, сепак доживеавме голем инфлациски шок, најголем во најмалку две генерации“, велат истражувачите. Додаваат дека големите промени на вкупните цени и уште поголемите промени во релативните цени на енергијата и храната и понатаму ќе ги мачат британските граѓани.

„Тоа значи дека сега треба да трошиме повеќе на основните намирници или да трошиме вкупно помалку од претходно. Така бурниот период на промени на цените го преобликува нашиот животен стандард“, се заклучува во извештајот. Иако инфлацијата конечно се враќа на посакуваното ниво, ефектот на неодамнешниот инфлациски шок уште долго ќе фрла сенка, сметаат авторите.

„Кризата од нација на потрошувачи нè претвори во нација на штедачи. Потрошувачката на кредитните картички падна за 13 отсто, а семејствата годишно заштедуваат околу 54 милијарди фунти повеќе од очекуваното“, се наведува во студијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ