„Тоа е сѐ поголема воена активност“, изјави за Си-ен-ен Карл Шустер, аналитичар од Хаваите и поранешен директор за операции во Заедничкиот разузнавачки центар на американската Пацифичка команда.
Кинеската владејачка Комунистичка партија го смета Тајван за своја територија и покрај тоа што никогаш не го контролирала и со децении се обидува да го изолира дипломатски. Пекинг не ја отфрли можноста за употреба на сила за да ја преземе контролата врз островот.
Кинеските државни медиуми во неделата ја пофалија поморската активност, истакнувајќи дека е „соборен рекордот по бројот на бродовите распоредени на вежби во регионот“. Шустер рече дека очекува Кина да продолжи да го зголемува притисокот врз Тајван.
„Ќе гледаме сѐ повеќе вакви вежби, а следната година тие ќе бидат посложени и поголеми во однос на вклучените единици и обемот на нивните активности“, рече тој.