сабота, 19 октомври 2024
Еврокомесарот за правда со анализа

Рејндерс: ЕК е загрижена за кривичните гонења што застаруваат

Еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс вели дека биле изненадени од недостигот на ефективна дебата пред носењето на измените на Кривичниот законик и најави средби на билатерално ниво за да се обезбеди добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил, за реформите во законите и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет.

Објавено на

часот

Сподели

Прашан каков е ставот на Европската Комисија (ЕК) за последните измени на Кривичниот законик, имајќи предвид дека многу предмети против висок профил на функционери завршија без пресуди, Рејндерс рече дека денеска имале средба со сите партнери од Западен Балкан, додека во однос на реформите ќе имаат средби на билатерално ниво.

„Има два-три елементи тука. Прво бевме изненадени од недостигот на ефективна дебата и консултации за таква реформа. При носењето на промената, секогаш велам дека е важно да се разменат ставови со ЕК. Треба да се избегнува донесување на закони со европско знаменце по брза постапка“, изјави Рејндерс, на заедничката прес-конференција со министрите за правда на Шпанија и на Северна Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога.

Дополнително, посочи Рејндерс, ќе се разговара и за ефектот од тие измени и дополнувања, за тековните случаи на корупција од висок профил.

„Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување. Секако, ние сакаме да добиеме одговор, да продолжат кривичните гонења. Тоа ќе биде дискусија на билатерално ниво. Изразивме мислење, за тоа загрижени сме во однос на кривичните гонења. Во однос на содржината, секако сакаме, прво да се осигура да не изостане кривично гонење на случаи од висок профил, она што веќе го видовме изминатите месеци“, изјави Рејндерс.  

Прашан каква е оценката за правосудниот систем во земјава, со оглед на големиот број предмети поврзани со организиран криминал кои застарea и сѐ уште не се завршени, Рејндер рече дека, целосна оценка за тоа ќе даде извештајот на Комисијата што ќе биде објавен до крајот на следниот месец.

„Но, само две забелешки. Она што го кажав за кривичните судови, треба да има добра пракса во однос на истрагите и кривичното гонење на случаи од висок профил. Тоа ќе биде дел од дискусијата на билатерално ниво, не само за Кривичниот суд, туку и реформите во законот и за капацитетот за гонење на овие случаи во иднина, како и за ситуацијата со Судскиот совет и оние промени што беа направени“, изјави Рејндерс.

Во однос на Судскиот совет, Рејндерс посочи дека е важно да се организира добар процес, препорака што ја даваат и на земји членки.

„Тука, мислам на извештајот за владеење на правото на земјите членки. Бараме и од земјите членки да направат реформи, а истото го правиме и со партнерите од Западен Балкан“, изјави Рејндерс. 

Унапредувањето на владеењето на правото е заеднички приоритет и за ЕУ и за партнерите од Западниот Балкан. Тоа е фундаментална вредност, двигател на процесот за пристапување на земјите во Унијата, и е клучно барање за напредок во процесот на преговорите, порача еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс на заедничката прес – конефернција во Скопје со министрите за правда на Шпанија и на Македонија, Мариа Пилар Лоп Куенка и Кренар Лога Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи.

Тој потенцира дека зајакнување на владењето на правото е комплексно прашање и бара постојани напори, а ЕК има намера да ги отовори преговорте со земјите патрнети кои побрзо ќе ги завршат реформите и ќе обзбедат транспарентен и ефикасен правосуден систем. Тоа е, рече, изводливо ако постои доверба на граѓаните и реформи за отчетност во правосудството.

„Нашите партнери  од Северна Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, БиХ и Србија сите покажаа дека се подготвени да ги реализираат тие реформи во правосудството, Важно е да се продолжи со процесот на реформи, целосно во согласност со ЕУ стандардите а за тоа е потребно да се следат препораките на Венецијанската комисија, ОБСЕ и на ЕК,  да се реализраат реформите во сите кривични судови, да се осигури кривично гонење на предметите од висок профил на организиран криминал и корупција. Ги охрабрувам сите партнери од Западен Балкан да се заложат за опиплив напредок во оваа област за независно следење на тие предмети и имплементација на препораките на ОБСЕ“, рече еврокомесарот Рејндерс нагласувајќи дека имаат финансиска поддршка од ЕУ за оваа цел. 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ