Покрај претседател, беа избрани и девет сенатори од редовите на УСС што ќе ги претставуваат студентите во Сенатот на Универзитетот.
Сенатори се Филип Петковски – Факултет за дизајн и технологии на мебел и ентериер, Слободан Панајотов – Факултет за физичко образование, спорт и здравје, Ивона Тодорова – Правен факултет, Ангела Василевска – ФИНКИ, Никола Ѓоргиев – Факултет за музичка уметност, Зорица Бојаџиева – Технолошко-металуршки факултет, Доротеа Камчевска – Педагошки факултет, Иван Трајковски – Економски факултет и Филип Калаџиски – Медицински факултет.