понеделник, 18 ноември 2024
Дускусија на независен пратеник

Реџепи: Уставните измени нема да поминат, а предлагам да се внесат и Гораните и Торбешите

Објавено на

часот

Сподели

Реџепи  рече дека предлогот за уставни измени треба да биде прифатен. Нагласи рече дека Македонија денеска е на голема крстосница и рече дека смета оти земјата има капацитети да биде дел од ЕУ.

„Најдобриот пат за сите граѓани на Македонија е да се отворат нови хоризонти и да се затворат старите оптоварени со етнички прашања. Како тоа ќе се стори. Се разбира со прифаќање на сите народи како еднакви во Уставот, предлагам да бидат вградени и Гораните и Торбешите. Добро е да се смени Уставот, но тоа нема да се смени. Ќе се гласа против Бугарите да влезат во Уставот. Проблемите меѓу Македонците и Бугарите нема да се реши со Уставот, ставени или не, историските проблеми ќе останат. Не се решаваат проблемите со пратениците, туку преку историчарите. Доколку не се донесат уставни измени, може да се случат и други барања како албански општини да го побараат патот кон ЕУ одделно од македонските општини. Тоа не е посакувана опција”, рече Реџепи.

Тој додаде дека меѓуетничките проблеми ќе останат нерешени. Нема да избрише онаа одредница 20 отсто за албанскиот јазик, иако може да се иницира со предлог од 30 пратеници.

„Оптимист сум по природа, но денеска сум песимист дека ќе се случат уставни измени. Дел од пратениците мислат повеќе за вонредни избори, отколку за европска иднина на Македонија. Еднаш имаме таква шанса да создадеме нови стандарди за квалитетен живот. Пречките се индивидуални причини – кај неколку пратеници кои ја блокираат земјата. Но, Албанците не треба да се нивни заложници во нивната желба да станеме дел од европското семејство“, рече Реџепи.

                                                                                                   П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ