петок, 18 октомври 2024

Речиси 800 градби има во Националниот парк Шар Планина

Објавено на

часот

Сподели

„За утврдување на статусот на градбите во следната фаза се планирани теренски проверки, планирано е да се разговара со секоја општина посебно, а дополнително Јавната устанбова национален парк .Шар Планина ќе ги извести сите релевантни институции за досегашната бројка.

Потсетуваме, според планот за управување, изградба на нови туристички населби и викендички не се дозволени во зоната на строга заштита и активно управување додека воспоставување нови засолништа (од природни материјали) за традиционално пасење на добиток е дозволено во сите зони освен во зоната на строга заштита. Остануваме на заложбите за заштита на сите природни вредности на територија на НП Шар Планина и очекуваме поддршка од сите релевантни институции“, информира Анела Ставревска Панајотова, раководител во Одделението за заштита на природата.

Според неа, за бесправните градби и узурпација на државен имот, во изминатите месеци, веќе се поднесени неколку прекршочни пријави и известувања до надлежните институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ