Севиља поведе уште во третата минута од натпреварот, Мир беше стрелец на погодокот. Но тоа беше и единствениот гол на мечот за нив.
Во 29. минута Родриго го изедначи мечот на 1-1, а истиот фудбалер во 69. минута погоди за комплетен пресврт и победа на Реал Мадрид од 2-1.
Во финишот Акуња доби црвен картон, Севиља во последните 15 минути играше со фудбалер помалку.