вторник, 22 октомври 2024
По изјававите на премиерот и министерот за внатрешни работи

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: Одговорете ги прво сомневањата за истрагата што ги изнесе Ковачки

По изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со тврдењето дека истрагата за двојното убиство не се води добро и е задоцнета, прикрива докази што е кривично дело доколку не ги сподели со МВР и обвинителството, реагира ВМРО-ДПМНЕ. Партијата реагира и кон денешната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, кој оцени дека изјавите на Мицкоски се политиканство кое „упте еднаш ги убива жртвите. ВМРО-ДПМНЕ смета дека премиерот и министерот се брзи во партиски обвинувања и ги повика најпрво да одговорат на сомневањата во однос на истрагата што денеска ги изнесе пратеникот од партијата, Драган Ковачки.

Објавено на

часот

Сподели

Во продолжение реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и изјавата на пратеникот Ковачки:

„Вака како што сте ажурни во заканувањето со кривични да бевте ажурни со расветлување на убиствата може ќе спасевте човечки животи. Ќе ја следиме истрагата како ќе ја водите, внимавајте, ако забележиме пропуст ќе реагираме, а досега има многу пропусти. Во меѓувреме одговорете на недоследностите кои денес јавно Драган Ковачки ги изнесе на прес конференција.

Ковачки, прес- конференција –  Возилото со кое била киднапирана и убиена Вања е пријавено за исчезнато уште на 22 ноември во МВР, а веќе на 24 ноември веќе е во Скопје, во продолжение ќе ги објасниме пропустите на МВР, за кои очекуваме одговор.

Според досегашните познати информации, првоосомничениот Палевски извршил убиство врз велешанецот Панче Жежовски, му го земал возилото и со денови шетал слободно, по што извршил уште едно убиство и избегал.

Зошто?

Затоа што МВР направило серија на пропусти со ненавремено и непрофесионално расветлување на случајот со исчезнувањето на велешанецот Панче Жежовски. 

Имено, МВР по пријавувањето на исчезнувањето на Панче од самиот почеток НЕ преземале конкретни и сеопфатни оперативни мерки.

Легитимно се поставуваат прашања за кои искажуваме сомнеж дека МВР направило пропусти во постапувањето и бараме МВР да одговори:

1. Дали се преземени мерки за детално пребарување на просторот, односно да се открие каде имало зрачење и да се открие телефонот, затоа што според свиркач, телефонот е пронајден дури по четири дена?

2. Дали се преземени детални мерки преку операторот на телефонскиот број на исчезнатиот за да се обработат листите на разговори кои ги остварило лицето во изминатите денови наназад?

3. Дали е точно дека од вештачењето на трагите на телефонот на исчезнатото лице се пронајдени траги на лице кое моментално е на издржување на казна затвор ?

4. Дали е точно дека возилото на Панче било пријавено за исчезнато во МВР уште на 22 ноември (5 дена пред убиството на Вања), а министерот тврдеше дека потрага по возилото немало затоа што не знаеле дека било исчезнато заедно со Панче?

5. Зошто веднаш не е објавена централна потрага за возилото на исчезнатиот, кога за истото, покрај пријавата во МВР на 22 ноември, дури и на веб-портал на 25 ноември е посочено дека и возилото е исчезнато, а за кое министерот за внатрешни тврдеше дека не знаеле дека е исчезнато заедно со исчезнатиот Панче?

6. И најважно – Дали е точно дека возилото со кое била убиена Вања уште во петокот, односно три дена пред убиството, било на скопските улици, спремно да биде искористено за убиство?

Очигледно е дека се направени кардинални пропусти за кои ако МВР имаше навремен одговор, можеби убиството на  исчезнатото лице Панче немало да биде спречено, но монструмите ќе биле спречени да направат уште погрозоморен чин!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ