недела, 24 ноември 2024

Расте црниот биланс на катастрофата на Днепар: Руси и Украинци загинаа при уривањето на клучната брана кај Херсон

Објавено на

часот

Сподели

Во меѓувреме, руските власти соопштија дека 29 лица загинале како последица на поплавите на територијата на десниот брег на реката Днепар контролирана од официјална Москва, пренесува Ројтерс.

Во бранот поплави по уривањето на браната Каховка, уништено е обработливото земјиште и прекинато е снабдувањето на цивилното население, а повеќе од 3.600 луѓе се евакуирани од областите Херсон и Миколаев, додека 31 лице сѐ уште се водат како исчезнати.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за уништување на браната Каховка, изградена за време на Советскиот Сојуз на акумулационо езеро со големина на Големото Солено Езеро во САД.

Со уривањето на браната Каховка, полуостровот Крим, кој е под контрола на Москва, остана без главниот извор на вода за пиење.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ