петок, 18 октомври 2024

Расказ на Томислав Османли објавен на хрватскиот портал Трис

Објавено на

часот

Сподели

Објавата на расказот „Сонот на Ангеле Богев“ е проследена со воведен текст како и со авторска биографија на македонскиот писател, преземена од хрватскиот портал Књижевнос , еден од медиумите кои објавија еден друг бележит расказ на нашиот писател, насловен „Наредното Евангелие“. 

Порталот Трис по втор пат објавува проза на македонскиот автор. Неодамна го објави неговиот расказ „Мајка“   кој беше публикуван на повеќе јазици, во голем број медиуми на поширокиот регион, од Хрватска до Грција.

Инаку, двете прози објавени на порталoт Трис се резултат на активноста на асоцијацијата Хрватско-македонска тангента која е општествен, дипломатски, деловен и културен мост на соработка што се реализира со креативно поврзување на субјекти од двете држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ