понеделник, 18 ноември 2024

Рафиз Алити, поранешниот командант на УЧК, вели дека Ахмети и Ковачевски договарале закон за амнестија

Али Ахмети, лидерот на ДУИ,  разговарал со премиерот Димитар Ковачевски за законско решение кое ќе ги вклучи сите категории кои настрадаа во вооружениот конфликт во 2001 година. Ова во интервју за ТВ Алсат го откри поранешниот заменик-претседател на Парламентот од редовите на ДУИ, Рафиз Алити. Но, Ковачевски ваквите тврдења го отфрли како невистинити.

Објавено на

часот

Сподели

„Не се само борците на УЧК. Има и неколку други категории, како што е случајот со Куманово, случајот со Порој, или во Тетово, кое беше бомбардирано, или во Љуботен, случајот со цивилите, кои настрадаа. Ги имаме и семејствата на исчезнатите, било од македонска или од албанска страна. Со сеопфатен закон да овозможиме да бидат третирани од државните институции, за да имаат некаква бенефиција“, изјави поранешниот командант на УЧК, Рафиз Алити.

„Пред неколку месеци претседателот на ДУИ го отвори ова прашање со премиерот Ковачевски и со поранешниот генерал Ангелов дека е спремен да се донесе закон кој би се однесувал на категориите кои настрадаа во 2001 година затоа што не се само борците на ОНА. Донесувањето на закон во таа насока би било полезно за сите граѓани независно кој на чија страна бил или кого поддржувал во 2001 година“, рече Алити.

Весникот на албански јазик „Лајм“ во текст со наслов „Ахмети разговарал со Ковачевски за Законот за УЧК“ пишува: „Но, Алити не кажа каков бил исходот од овие разговори меѓу двајцата партнери од владината коалиција и дали Ковачевски покажал подготвеност за идејата на Ахмети. ДУИ и нејзиниот шеф Али Ахмети од крајот на војната повеќепати ветуваа правно решение за статусот на УЧК, но ова прашање остана нерешено и 22 години по конфликтот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ