Тоа што беше најавено, сега е и официјално потврдено од страна на Милан, Леао потпиша нов договор со росонерите. Според него тој ќе остане на Сан Сиро до јуни 2028 година.
„Многу сум среќен. Ова е нешто што го сакав и сега е завршена работа“, вели Леао.
„Се надевам дека заедно ќе направиме големи работи во иднина. Сега фокусот ни е натпреварот со Верона а потоа следната година сакаме да постигнеме многу важни работи“.