недела, 27 октомври 2024

Радовишанец украл автомобил, полицијата веднаш го пронајде и го уапси

Дваесет и едногодишен жител на Радовиш е приведен вчера во 23 часот под сомнение дека украл патничко возило, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Тој се сомничи дека во периодот од 19:30 до 21:30 часот во Радовиш одзел патничко возило форд фокус сопственост на Т.Д. од Битола, со живеалиште во Радовиш. Возилото било пронајдено и вратено на сопственичката, а лицето било приведено во полициска станица“, информира МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ