петок, 18 октомври 2024

Радовишанец осомничен за подметнување на пожар во зграда, запалил врати од осум станови

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира МВР, по интервенција на Територијалната противпожарна единица  пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле инспектор од Дирекција за заштита и спасување и екипа од ОВР Радовиш.

При лишувањето од слобода, како што велат од полицијата, кај Б.Ѓ. биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело, што исто така биле и во неговиот дом. Тој  бил задржан во полициска станица и бил извршен службен разговор при што го признал делото.

За настанот е запознаен јавен обвинител и во текот на денот лицето ќе биде изведено пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ