сабота, 2 ноември 2024

Путин вети одмазда за новиот напад на Кримскиот мост

Објавено на

часот

Сподели

Рускиот претседател Владимир Путин вети одмазда за новиот напад на Кримскиот мост, кој беше нападнат со два дрона на украинската морнарица во текот на ноќта.

Руското Министерство за одбрана во моментов ги премерува точните одмазднички мерки, рече тој за време на денешниот вонреден состанок со високи претставници.

„Инцидентот е уште еден терористички напад на режимот во Киев. Ова злосторство е бесмислено од воена гледна точка, бидејќи Кримскиот мост одамна не се користи за воен транспорт, и брутално, бидејќи беа убиени и повредени само невини цивили“, нагласи рускиот претседател.

Путин рече дека Москва остро ќе возврати за нападот. Руското Министерство за одбрана веќе подготвува „неопходни предлози“ за такви мерки, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ