Путин им се заблагодари на командантите и војниците на Вагнер што избегнале крвопролевање и рече дека им ветува на оние од Вагнер што сакаат да одат во Белорусија дека тој ќе го одржи своето ветување.
Путин, исто така, рече дека сите неопходни одлуки за неутрализирање на заканата биле донесени уште во самиот почеток. Бунтот во секој случај ќе беше потиснат и организаторите сфатија дека нивните постапки се криминални, додаде тој.
Рускиот претседател му се заблагодари на лидерот на Белорусија Александар Лукашенко за неговите напори за мирно решавање на ситуацијата, но рече дека единството на општеството е тоа што одиграло одлучувачка улога.
Путин ѝ се заблагодари на нацијата за единството, додавајќи дека на самиот почеток биле донесени сите неопходни одлуки за неутрализирање на заканата и „бунтот во секој случај ќе беше потиснат, организаторите сфатија дека нивните постапки се криминални“.
Путин им порача на Русите дека оние што го организираа „бунтот“ сакале Русија да изгуби, „а нашето општество да се удави во крв, но тие погрешно проценија“.
Тој им се заблагодари на сите безбедносни служби „што ѝ останаа лојални на својата заклетва“, како и на пилотите што загинаа.
Тој додаде дека биле преземени чекори за да се избегне големо крвопролевање, „но за тоа било потребно време“.
„Им благодарам на војниците и командантите на Вагнер што не пролеаја крв – можете да потпишете договор со Министерството за одбрана или да се преселите во Белорусија“, рече тој.