недела, 20 октомври 2024

Путин: Се појавува нов, поправеден и подемократски систем

Објавено на

часот

Сподели

На меѓународниот форум посветен на споменот на Евгениј Примаков, Путин рече дека темата на овогодинешниот форум е многу актуелна: „Хоризонти на постглобализацијата“, пренесе Тасс.

„Се појавува нов, поправеден и подемократски систем на меѓународни односи кој подобро ќе одговара на потребите на глобалното мнозинство“, рече Путин.

Путин, сепак, рече дека „добро позната група на земји“, која е навикната да доминира на светската сцена, како што наведе, нема да запре пред ништо за да го зачува своето опаѓачко влијание, користејќи директна уцена и тактика на силен притисок, додека меѓународното право ќе биде заменето со некој вид „поредок заснован на правила“.

„Таквата дестабилизирачка политичка линија ја поттикна кризата поврзана со Украина и трагичната ескалација на израелско-палестинскиот конфликт“, нагласи рускиот претседател.

Путин истакна дека на форумот, кој го носи името на истакнатиот државник, дипломат и академик Евгениј Примаков (1929-2015), учесниците во значајна и слободна дебата темелно ги анализираат клучните меѓународни прашања на денешницата и ги проценуваат долгорочните трендови на регионално и глобално ниво, водени од, како што наведе, научен пристап и објективни факти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ